Леброн експлодираше и ја покори Оклахома
Објавено на 14/02/2018 | КОШАРКА

Кливленд Кавалирс  ја забележаа и третата победа од кога целосно се промени тимот со последните трејдови.

Вице-шампионите на светот беа предводни од неверојатниот Леброн Џејмс како гости во Оклахома Сити против Тандер – 120: 112.

ЛеБрон беше близу трип-дабл со 37 поени и осум скокови и асистенции, а шутираше и со одлични 60,9 отсто од игра (11/16 за два, 3/7 за три).

Џеј-Ар Смит  забележа  18 поени, шест скока и три асистенции, Родни Худ и Џордан Кларкссон додадоа по 14 поени, а новајлијата од Лос Анџелес Лейкерс, Лери Ненс јуниор  13 поени и 9 скокови.

Кај домаќинот, во кој беа вратени Расел Вестбрук и Кармело Ентони, најдобриот беше Пол Џорџ со 25 поени (3/6 за два, 5/13 за три), шест асистенции и четири скока.

Рас имаше многу лоша шутерска ноќ (7/16 за два, 0/3 за три), 21 поени со 12 асистенции и седум изгубени топки, Мело постигна 24 поени и седум скокови, а Стевен Адамс 22 поени и 17 скокови.

 

 

 

Тагови