Леброн Џејмс за Трамп : Не го боли к.. за луѓето во нашата земја
Објавено на 16/02/2018 | КОШАРКА

Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на денешницата, повторно го критикувше претседателот на САД, Доналд Трамп.

Првата ѕвезда на Кливленд сега излезе со нова, провокативна изјава, во која директно го посочи првиот човек на Америка дека лошо влијае на целокупната ситуација во Америка.

„На најважното место во државата е човек кој не ги разбира луѓето. И навистина го боли к** за народот. Кога бев млад имав само три занимања на кои гледавме како на инспирација“ – изјави Џејмс, а потоа и додаде:„Една од нив беше и претседател на Соединетите Американски Држави, втората беше некој спортист и третата најголемите пејачи/музичари на тоа време. Никогаш не сте помислиле да бидете како некој од нив, но секогаш сте ги гледале како инспирација“.

Тагови