Леброн предводник на Кливленд , Атетокумпо незапирлив (видео)
Објавено на 06/03/2018 | КОШАРКА

Во текот на имзинатата ноќ се одиграа 7 натпревари во НБА лигата.

Кливленд ја прекина низата од 2 порази и славеше на домашен терен против екипата на Детроит со резултат 112-90.Леброн Џејмс ја предводеше својата екипа до победа со учинок од 31п 7ск и 7ас, во споротивната екипа најефикасен беше Блејк Грифин со 25 поени.

Индијана Пејсерс славеа по втор пат во низа на гостински терен , овојпат против потенцијален противник во плеј-оффот Вашингтон со резултат 98-95.Кај гостите блескаа Виктор Оладипо со 33п и Бојан Богданович со 20п, додека кај Визадрс најефикасен беше Бредли Бил со 22п 11ас.

 

Јанис Атетукумпо со 35п од кои 14 во последната четвртина го предводеше Милвоки до победа против Филаделфија 118-110, и стави крај на серијата од 4 порази.Во редовите на Филаделфија се истакна Дарио Шарич со 25п и 6ск

Резултати од сите натпревари :
Klipers – Nets 123:120
Kings – NIks 102:99
Hoks – Sans 113:112
Reptors – Hornets 103:98
Vizards – Pejsers 95:98
Meveriks – Pelikans 109:126
Baks – Siksers 118:110

Тагови