Легендата на унгарскиот ракомет замина од репрезентацијата
Објавено на 09/10/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, РАКОМЕТ

Легендата на унгарскиот ракомет и секако еден од најдобрите десничари во последните две децении во светот на ракометот, Ласло Наџ, одлучи да се збогува со репрезентацијата. Зад 36-годишниот левичарски бомбаш остануваат 200 натпревари, 700 постигнати гола, 12 големи натпревари, но не и медал!

Најблиску беше, Наџ, на Олимписките игри, каде што унгарците беа во два наврати, во Атина во 2004 и во Лондон во 2012 година, завршија како четврти.

Ласло Наџ во клубска кариера освои две титули во Лигата на шампионите со тимот на Барселона.

Тагови