Лео Меси го пропушта дуелот со Малага од лични причини
Објавено на 10/03/2018 | ФУДБАЛ

Екипа на Барселона потврди дека аргентинскиот суперстар Лионел Меси е избришан од составот на “каталонците“ кој е пријавен за гостувањето против тимот на Малага. Тој ќе го пропушти овој натпревар од лични причини.

Но медиумите побрзаа да ја дознаат вистинската причина за неговото отсуство, а тоа е дека играчот добил слободен ден поради раѓањето на неговиот трет син, Сиро.

Лео Меси до сега не пропушти ниту еден натпревари од Ла Лига оваа сезона, на сите беше стартер, освен на градското дерби со Еспањол, на кое беше поштеден од тренерот и дуелот го започна од клупата за резерви.

Тагови