Леванте прв патник во Примера!
Објавено на 30/04/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

По вчерашната минимална победа над Овиедо со 1-0, екипата на Леванте е првиот патник од Сегунда во Примера. Клубот од Валенсија пласманот во Примера го обезбедува на шест кола од крајот на сезоната, а покрај Леванте огромни шанси за пласман има и екипата на Џирона која има четири поени предност, но и натпревар помалку во однос на екипата на Хетафе.
По вчерашниот натпревар, фудбалерите на Леванте, организирано се упатија на локалниот плоштад каде промоцијата ја прославија со своите најверни навивачи.

Тагови