Леверкузен во битка за Монтоја од Барселона
Објавено на 15/11/2014 | ФУДБАЛ

Како што пренесува “Билд“, екипата на Баер Леверкузен покажува интерес за одбранбениот играч на Барселона, Мартин Монтоја.

Шпанецот воедно се наоѓа на радарот на уште неколку европски гиганти како Ливерпул, Милан, Интер и Олимпик Марсеј.

Тренерот Роџер Шмит моментно не е задоволен од опциите со кои располага во одбраната, тука се Роберто Хилберт и Џулио Донати.

Оваа сезона кај Луис Енрике 23. годишниот дефанзивец досега има само еден официјален настап, односно севкупно на “Камп Ноу“ има 28. мечеви во изминатите две сезони.

Малата минутажа може да значи и наскоро заминување од каталонскиот состав, можен е трансфер уште во зимскиот преоден рок.

Тагови