Лилард и Нуркич го срушија Голден Стејт , трипл дабл за Вестбрук и Симонс..
Објавено на 15/02/2018 | КОШАРКА

Кошаркарите на Портланд пред домашната публика забележаа победа над Голден Стејт со резултат од

123 : 117 

Во Орегон се одигра одличен натпревар а домаќините дојдоа до победата благодарение на 3 играчи.

Демијан Лилард го наполни  кошот на Вориорс со 44 поени (14/25), Си Џеј Мекалум 29 поени  со пет скокови, додека Јусуф Нуркиќ забележал 17 поени, 13 скокови и 3 асистенции.

За актуелниот шампион во НБА лигата не беше доволно ниту одличната  партија  на Кевин Дурент, кој заврши со 50 поени (17/27), 7 скока и шест асистенции.

Потфрли   Стеф Кари кој постигна 17 поени, додека Клеј Томпсон имаше и истиот број на поени. Дабал дабл е  остварен од страна на Драјмон Грин, 16п , 12ск  и 7ас.

Голден Стејт е втор на Западот, додека Портланд е шести.

Оклахома славеа на гостински терен против Мемфис со 114: 121, а нов трип-дбл во сезоната  оствари Расел Вестбрук.

Плејмејкерот на  Тандер  мечот го  заврши со 23 поени, 15 асистенции и 13 скокови, додека најефикасен беше Пол Џорџ со 28 поени.

Третиот член на “големата тројки” Кармело Ентони на теренот изигра 33 минути и за тоа време постигна 19 поени.

Во поразениот состав Андре Хејсон постигна 28 поени, додека Тарик Еванс имаше 23, со девет скокови и седум асистенции.

 

Екипата на Вашингтон Визардс  славеше на гостувањето против Њујорк со 118: 113. Тимот на Скоти  Брукс успеа да надомести  27 поени разлика .

Фантастичен  меч го одигра  Бредли Бил, кој постигна 26 поени, додека 22п  постигна Ото Портер.

Кај  Никс  Хардевеј постигна  37 поени, додека Кантер имаше длаб-дбл, 24 поени и 14 скокови.

 

Голем минус   надомести и Филаделфија, кој во третата четвртина  против Мајами загуби со 24 поени. Сепак, успеаа да се вратат и да  слават со 104: 102.

Бен Симонс постигна трипл-дбл (18п, 12ск, 10ас), додека Дарио Шариќ беше најефикасен со 19 поени и осум скокови.

Одличен придонес од клупата имаше новиот играч Марко Белинели кој постигна 17 поени.

Во поразениот состав Џејмс Џонсон постигна 22 поени, додека Драгиќ имаше 18.

И покрај тоа што не можеа да сметаат на повредениот  Демаркус Казанс, Њу Орлеанс Пеликанс остварија и трета победа во ред. Овој пат пред домашната публика ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс 139: 117.

Фантастичен  меч  одигра Ентони Дејвис, кој постигна 42 поени со 15 скокови, а го следеше Дру Холидеј со 24 поени и 11 асистенции.

На натпреварот дојде до  конфликт помеѓу Томас и Рондо, кои беа исклучени на почетокот на натпреварот.

Кајл Кузма со 23 поени и Брендом Инграм со 21 беа најефикасни кај Лејкерс

резултати од сите натпревари

Detroit – Atlanta 104:98
Orlando – Šarlot 102:104
Filadelfija – Majami 104:102
Bruklin – Indijana 103:108
Njujork – Vašington 113:118
Boston – LAK 119:129
Čikago – Toronto 98:122
Hjuston – Sakramento 100:91
Memfis – Oklahoma 114:121
Nju Orleans – LAL 139:117
Juta – Finiks 107:97
Portland – Golden Stejt 123:117

 

Тагови