Ливерпул го декласираше Порто (ВИДЕО)
Објавено на 15/02/2018 | ФУДБАЛ

Ливерпул е вториот тим по Манчестер Сити, кој можеме да го прогласиме за сигурен четвртфиналист во Лигата на шампионите откако вечерва му одржа лекција по модерен фудбал на составот на Порто на негов терен.

Избраниците на Јирген Клоп ја демонстрираа својата моќ победувајќи со 5-0 и потврдувајќи ја својата извонредна форма, притоа нанесувајќи му го на Порто најтешкиот пораз пред своите гледачи.

Садио Мане го постигна првиот гол за гостите во 26тата минута, а по само три минути Момо Салах со велемајсторски потег го зголеми водството на 2-0 за “Црвените”.

Во вториот дел Порто тргна офанзивно кон противничкиот гол, но тоа значеше многу простор за брзите гостински напаѓачи кои умееа тоа да го казнат. Најпрво, Мане со својот втор гол на натпреварот зголеми на 3-0 во 53тата минута, а подоцна Фирмино постигна гол за 4-0 во 69тата минута.

Садио Мане како што го започна натпреварот така и го заврши, постигнувајќи го првиот свој хеттрик во најелитното натпреварување.

Тагови