Ливерпул во трилер натпревар му го нанесе првиот пораз на Сити
Објавено на 14/01/2018 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Во супер интересен натпревар предмалку на Енфилд, Ливерпул со 4-3 славеше над Манчестер Сити и му го нанесе првиот пораз сезонава во Премиер Лигата.

Натпреварот започна одлично за домаќините што резултираше за рано водство од 1-0. Во првите 45 минути иако доминираа домаќините на полувремето се замина со резултат 1-1 откако Сане во 40 минута го израмни резултатот. Одличната игра на Ливерпул продолжи и во вториот дел. Во 59 минута Фирмино повторно донесе водство за Ливерпул, а само две минути подоцна Мане го зголеми водството на 3-1.

Вистински шок за “Граѓаните” следеше во 68 минута кога Салах успеа да го погоди празниот гол по несмасната интервенција на Едерсон и да донесе големо водство од 4-1 во корист на Ливерпул. И кога сите мислеа дека е готово следеше вистинско возбудување. Најпрво, Силва во 84 постигна гол за 4-2, а во 91 минута Гундоган намали на 4-3. Во последните моменти од натпреварот Агуеро можеше да приреди студен туш за домаќините но не беше прецизен.

Со оваа победа, Ливерпул се наоѓа на делба на втората позиција каде со 47 поени ја дели заедно со Челзи и Манчестер Јунајтед. Манчестер Сити пак сеуште има огромна предност и се наоѓа на лидерската позиција со +15 поени.

Тагови