Мајкл Фелпс му кажа збогум на пливањето
Објавено на 14/08/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО

Легендарниот американски пливач Мајкл Фелпс се збогуваше на олимпискиот базен на најдобар можен начин. 31-годишниот Американец ја освои петтата титула од Игрите во Рио и вкупно 23-та во кариерата, откако триумфираше со штафетата на САД во финалето на 4 по 100 метри во комбинација пливање. Тоа беше вкупно 28-ти медал од Олимписките игри во 16-годишната кариера на Фелпс, која започна во Сиднеј 2000 и траеше се до Рио 2016.

Американскиот квартет во состав Рајан Марфи, Коди Милер, Мајкл Фелпс и Натан Адријан финишираа со нов олимписки рекорд – 3:27.95 минути, оставајќи ги зад себе четворка на Велика Британија (3:29.24 мин) и Австралија (3: 29.93 мин.).

Фелпс пливаше трети (пеперутка), а пред него Рајан Марфи го собори светскиот рекорд на 100 метри градно на прв пост.

Тагови