Мајкл Фелпс освои уште два златни медали
Објавено на 10/08/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО

Американскиот пливач Мајкл Фелпс освои и минатата ноќ уште две златни медали на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 200 метри пеперутка и штафета четири пати на 200 слободни.

Фелпс, исто така, ја достигна бројката од 21 златни и вкупно 25 медали на Олимписките игри. До крајот на Олимписките игри во Рио ќе има можност да добие уште две медали на 100 метри слободно и 200 метри мешано.

Американецот првата ноќ триумфираше на 200 метри пеперутка со време од минута 53 секунди и 36 стотинки, Сребрениот медал отиде во Јапонија кај Масато Сакаи (1:53,40), а бронзата отиде кај Тамаш Кендереш од Унгарија (1:53,62).

Фелпс, малку подоцна, дојде до златото во штафетата четири пати 200 метри слободно, а штафетата тимот на САД ја заврши за седум минути и 66 стотинки. Покрај Фелпс, беа и Конор Дваер, Френсис Хас и Рајан Лохте.

Среброто отиде кај пливачите на Велика Британија (7:03,13), а бронзата во Јапонија (7:03.50).

Тагови