Македонец во тимот на турнирот на ЕП во Полска
Објавено на 26/06/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Македонец во идеалниот турнир на Европското Првенство за фудбалери до 21 година. Стрелецот на два гола за Македонија на овој турнир, Енис Барди сосема заслужено се најде помеѓу 11мината најдобри на ова првенство.

Барди во тимот на турнирот се најде во друштво со Хојберг и Захоре од Данска, Калдара од Италија, Кансело, Родригез, Брума и Поденсе од Португалија, Скрињар од Словачка како и Асенсио и Саул од Шпанија.

Инаку Барди во моментов настапува за екипата на Ујпешт, но веројатно е дека ова лето ќе премине во клуб од посилните лиги особено поради големиот потенцијал кој го покажа не само на ова ЕП туку и во првата фудбалска лига на Унгарија.

Тагови