Македонија и го урна мундијалскиот сон на Албанија

Македонија ремизираше со Албанија – 1:1 во натпреварот од групата Г на квалификациите за Светскиот куп 2018 во Русија. Резултатот во пракса значеше краен крај на надежите на Албанците да се квалификуваат за Светското првенство во Русија. Гостите го отворија резултатот од единствената шанса вечерва во Струмица на почетокот на вториот дел. Тогаш Роши постигна гол со глава и се надеваше дека тимот ќе остане со надеж за бараж, но 12 минути пред крајот, Александар Трајковски од пенал ги извади од шансите за второто место, подоцна Македонија имаше уште шанси преку Несторовски, но сепак Албанија повторно имаше среќа како во Скадар минатата година.

Албанија останува трета со 13 поени. Втората Италија има 19 и 11 гола. Македонија, од своја страна, продолжува да покажува раст и да има седум поени на петтото место, по победата над Израел во саботата.

Тагови