Mакедонија од вториот шешир ќе ги чека противниците на ЕП во Хрватска
Објавено на 19/06/2017 | Slider, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Од ЕХФ ги објавија четирите шешири од кои во петок ќе се влечат групите за ЕП во Хрватска. Македонија, се најде во вториот шешир, заедно со селекциите на Данска, Белорусија и Шведска.

Домаќинот Хрватска, го искористи своето право да посочи четири селекции кои ќе настапат во четирите града во кои ќе се игра првенството, па така она ќе биде во Сплит, Унгарија ја смести во Вараждин, Словенија во Загреб, а Норвешка во Пореч.

Еве ги шеширите:

Шешир 1: Германија, Шпанија, Хрватска и Франција,
Шешир 2:
Данска, Белорусија, Шведска и Македонија,
Шешир 3:
Норвешка, Србија, Црна Гора и Чешка,
Шешир 4:
Унгарија, Словенија, Австрија и Исланд.

Ждрепката е закажана за во петок, 23-ти јуни, од 19 часот.

Тагови