Македонија суспендирана од Евробаскетот 2017!
Објавено на 16/04/2016 | Slider, КОШАРКА

Македонската кошаркарска репрезентација заедно со репрезентациите на Словенија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Полска, Србија, Турција, Русија, Литванија, Грција, Италија, Хрватска,  Црна Гора и Израел се суспендирани од квалификационит турнир односно главниот турнир на Евробаскетот кој следната година ќе се одигра во Турција, Романија и Финска. Како што пренесуваат медиумите ширум Европа ваква одлука во петокот вечерта донесла ФИБА која била приморана на ваков чекор по изборот на кошаркарските федрации од овие земји нивните тимови да учествуваат во Евролигата и Евробаскетот, а не во новоформираната кошаркарска Лига на Шампиони која е под организација на ФИБА.

Во наредните неколку часови очекуваме да има официјална потврда на оваа одлука од страна на ФИБА, но и реакција од КФМ.

 

Тагови