Македонија загуби од Данска
Објавено на 29/07/2016 | РАКОМЕТ

По вчерашниот пораз од Норвешка од 27-24 денеска нашите јуниори го забележаа и вториот пораз и тоа од домаќинот Данска од 18-23.

Во првото полувреме нашите млади ракометари одиграа одлично. Во 10та минута Македонија имаше водство и од три гола разлика, а нашата одбрана беше најзаслужна за водството од 11-10 по првите 30 минути.

Сепак во вториот дел по само три минути игра Данска направи серија од 3-0 и за прв пат на натпреварот поведе, овој пат со 13-11. Од овој момент па се до крајот на натпреварот ракометарите на Данска ја имаа предноста и контролата на натпреварот.

Последниот натпревар во групната фаза Македонија ќе го одигра во недела против репрезентацијата на Холандија која денеска ја совлада репрезентацијата на Норвешка со 31-28.

Тагови