Македонски претставници ги добија противниците во групната фаза на ЕХФ ЛШ
Објавено на 01/07/2017 | Slider, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Синоќа во словенската престолнина, Љубљана, беа одредени групите за следната сезона на ЕХФ Лигата на шампионите во двете конкуренции.

Нашиот шампион и бранител на титулата, Вардар, ќе се сретне со македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Натн, Филип Талевски и Рајн Некар, и Борско Ристовски и Барселона, како и со ПД Загреб, Висла Плок, ПИК Сегед и Кристианштад, додека вториот претставник Металург, ќе има тешка задача против, Мотор Запорожје, Монпеље, Чековски Медведи, Бешикташ и победникот од квалификациите.

Квалитетниот дел од натпреварите е составен од гупите А и Б, кој брои по осум тимови. Само првопласираните ќе обезбедат директен пласман во четвртфинале, додека натпреварите во завршната фаза ја завршуваат само седмо и осмопласираните од двете групи, додека другите ќе играат во осмина финале.

Системските натпревари се исти како и во претходните сезони – екипите од групата Ц и Д, кои содржат по шест членови, ќе се борат за првите два места што води во осмина финале.

Група А

Барселона

ВАРДАР

Рајн Некар Левен

ППД Загреб

Висла Плок

ПИК Сегед

Кристијанштад

Нант

Група Б

Веспрем

Кјелце

ПСЖ

Алборг

Мешков Брест

Целје

Фленсбург

Кил

Група Ц

Адемар Леон

Скјерн

Горење Велење

Кадетен Шафхаузен

Динамо Букурешт

Eлверум

Група Д

МЕТАЛУРГ

Мотор Запорожје

Чеховски Медведи

Бешикташ

Монпеље

Квалификант

 

Што се однесува кај дамите, нашиот шампион ЖРК Вардар, ќе игра против Ларвик, ФТЦ и квалификант. Тие играа три години по ред на фајнал-фор, и беа носителки на групите, но не ја освоија сеуште Лигата на шампионите, и сите се надеваме дека оваа сезона е таа.

Група А

КСМ Букурешт

Никобинг

Крим

Висла Гдиџа

Група Б

Ѓер

Ростов

Митјиланд

Брест

Група Ц

ЖРК ВАРДАР

Ларвик

ФТЦ

Квалификант 2

Група Д

Будуќност

Метц

Битинхајм

Kвалификант 1

Тагови