Македонските кошаркари поразени од Косово
Објавено на 03/08/2017 | КОШАРКА, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Косово го доби балканското дерби со Македонија во првиот круг од Групата Ц на прелиминарните квалификации за СП 2019. Пред фановите на трибините во Приштина, домаќините преживеаја за конечни 72:68, откако водеа со огромна разлика на полувремето.

Косоварите водеа со 40:20 на полувремето, а Македонците успеаја да заиграат на ниво откако реализираа соодветно 11 и 9 поени во првите два дела. Но во второто полувреме постигнавме 48 поени, а на секунди пред крајот дојдовме до минус еден, но тоа не беше доволно.

Џордан Тиодор постигна 22 поени и даде 6 асистенции. Војдан Стојановски реализира 17, а Диме Тасовски – 11.

Локалната ѕвезда Дардан Бериша заврши со 28 поени, 6 скока и 4 асистенции. Грант и Фисник Ругова додадоа соодветно 12 и 11.

Тагови