Македонското дерби во Аба лига им припадна на Соколите
Објавено на 20/01/2017 | КОШАРКА, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Дербито на Скопје во 19-от круг во регионалната кошаркарска лига, го доби тимот на Карпош Соколи, кој го порази МЗТ Скопје со резултат од 77:74 (14:17, 17:17, 18:12, 28:28), и стигнаа до втора по ред победа и трета во последните четири натпревари.

Доминик Мавра заврши со 19, а Бојан Трајковски со 17 поени во победата, додека Ѓорѓе Дреновац запиша 19, а Стефан Синовец 15 кај поразените.

Карпош сега е 8-ми со 26 бода, а МЗТ е 11-ти со 24.

Тагови