Малдини на тениски турнир во Милано
Објавено на 18/06/2017 | ТАЈМ АУТ

Легендата на Милан и италијанскиот фудбал Паоло Малдини ќе се вклучи во тенискиот турнир од сериите Чаленџер во Милано во трката на парови заедно со својот пријател и тренер Стефано Ландонио.

Познатиот поранешен централен дефанзивец токму на таков начин ќе го прослави 49-тиот роденден на 26 јуни, откако доби “вајлд карта” за учество на настанот.

Ова ќе е прва појава на Малдини на официјален турнир, макар и од пониска категорија на светскиот тенис.

Тагови