Манчестер Јунајтед и Ибрахимовиќ се разделија

Голгетерот број 1 на Манчестер Јунајтед за сезоната 2016/17 – Златан Ибрахимовиќ, беше ослободен од клубот.

“Црвените ѓаволи” го привлекоа 35-годишниот швеѓанец во почетокот на минатата сезона, но откако тој ги скина вкрстените врски во четвртфиналниот натпревар со Андерлехт од Лига Европа, раководството на клубот одлучи да не ја искористи опцијата да му го продолжи договорот за уште една сезона.

Ибра одигра 46 натпревари за Јунајтед, во кои реализираше 28 гола и освои три трофеи – Комунити Шилд, Лига Купот и Лига Европа.

Тагови