Манчестер Јунајтед се засилува со еден од најдобрите играчи на Баерн Минхен

Арјен Робен нема да биде во плановите на Баерн Минхен во наредната сезона и на лето би можел да се пресели на “Олд Трафорд”, тврдат англиските медиуми.

Холанѓанецот наполни 32 години,и е многу далеку од старата форма, за која и тој самиот тврди дека многу тешко ќе ја врати по бројните повреди. Робен во Премиер лигата играше за тимот на Челзи од 2004 до 2007 година, за кого настапи на 67 натпревари и постигна 15 гола. Подоцна замина во Реал Мадрид, одкаде и дојде во Минхен, каде го достигна врвот на својата фудбалска кариера, тој кај “баварците” настапи на 137 натпревари до сега и постигна неверојатни 76 гола, во Холандија играше за Гронинген и ПСВ. Во Холандската репрезентација е член од 2003 година, а има одиграно 88 меча и постигнато 30 гола.

Тагови