Манчестер сити маршира кон титулата во Премиер лигата (Видео)
Објавено на 05/03/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Манчестер сити во дербито на 29то коло во Премиер лигата, забележа победа над Челзи со 1-0 стигнувајќи до својата 25та победа сезонава. Со оваа победа тимот на Пеп Гвардиола има 78 бодови на своето салдо со огромна предност од 18 бодови пред второпласираниот тим на Ливерпул.

“Граѓаните” може веќе да се прогласат за нови шампиони во Премиер лигата за оваа сезона со оглед дека има само уште 9 кола до крајот, а разликата со конкурентите е огромна.

На средбата против Челзи за победа на Манчестер сити се погрижи двоецот Силва (Давид и Бернардо). Шпанскиот интернационалец Давид Силва асистираше, а Португалецот Бернардо стрелаше во 47та минута за победа на граѓаните.

Тагови