Манчестер Сити се “прошета” во Базел
Објавено на 14/02/2018 | ФУДБАЛ

Манчестер Сити победничката серија од Премиер-лигата ја продолжи и во најелитното европско натпреварување Лигата на шампиони каде што го декласира Базел со убедливи 0-4.

После оваа висока победа, тимот на Гвардиола слободно можеме да го оквалификуваме како прв сигурен четвртфиналист.

Избраниците на Пеп Гвардиола, фаворитската улога ја демонстрираа уште во првото полувреме откако по само 23 минути игра имаа водство од 3-0. Прв серијата ја започна Гундоган со голот во 14тата минута, а потоа Бернардо Силва во 18тата и Агуеро во 23тата го доведоа Манчестер Сити до убедливо водство. Во второто полувреме со својот втор гол, Илкај Гундоган како што го започна гол шоуто, така и го заврши, ставајќи печат на победата и обезбебедувајќи му на својот тим мирен реванш за две недели.

Тагови