Мареј го освои трофејот во Пекинг
Објавено на 09/10/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Британскиот тенисер Енди Мареј победи на турнирот во Пекинг, откако во финалето го победи бугарскиот тенисер Григор Димитров со 6:4, 7:6 (2). Мареј во 11-от меѓусебен дуел со Димитров ја запиша осмата победата, а до неа дојде по еден час и 58 минути.

За британскиот тенисер ова е петти трофеј во сезоната и 40-ти во кариерата. Со тоа тој стана 16-от тенисер, кој влегува во елитниот клуб на натпреварувачите со 40 или повеќе титули во “опен ерата”. Ова е и прв случај од 2011 година наваму, кога шкотланѓанецот освои пет титули во рамките на една кампања.

Тој ќе добие нови 500 поени на АТП листата и ќе се доближи уште повеќе до Новак Ѓоковиќ.

 

Тагови