Мареј пропушта уште еден турнир, со тоа и лидерското место на АТП
Објавено на 10/08/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Лидерот на светската АТП листа по тенис Енди Мареј од Велика Британија го откажа учеството и на турнирот од сериите “Мастерс” во Синсинати (САД) поради повреда. Тој има проблем со повреда на колкот, која го измачува повеќе од еден месец и не е во можност да игра во трката следната недела.

Пред една недела Енди Мареј беше принуден поради истата причина да се откаже и од “Мастерсот” -А во Монтреал, кој се одржува во моментов.

Сево ова може на крајот од сезоната да се покаже како клучно за лидерската позиција на АТП, која може да ја загуби веќе и на последниот Гренд Слем сезоната – УС Опен.

Тагови