Марез на листата на желба на Бјанконерите
Објавено на 12/06/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Еден од најдобрите фудбалери на Лестер Сити, Ријад Марез е еден од фудбалерите кој се најде на пошироката листа на желби на Алегри и Јувентус. Според JuveNews.eu Марез е третата желба на Алегри на крилната позиција за која конкурираат уште и Даглас Коста и Анхел ди Марија.

“Има голема разлика помеѓу понуда и гласини. Нема ништо на маса во моментов” изјави Марез за алжирската телевизија. “Претседателот (на Лестер) и јас се договоривме да останам уште една сезона” додаде Марез.

Ријад Марез имаше клучна улога во освојувањето на титулата на Лестер во сезоната 2015-16 кога постигна 17 голови и 10 асистенции, но изминатата сезона беше далеку под нивото.

Тагови