Маркез ја доби па ја загуби пол позицијата
Објавено на 22/04/2018 | АВТО МОТО

Иако заврши на првата позиција во квалификациите, Марк Маркез на денешната трка во рамките на Гран При трката во САД ќе стартува од четвртата позиција откако организаторот одлучи да го казне поради инцидентот со Маверик Вињалес поради попречување.

Со овој епилог од квалификациите, на денешната трка од првата позиција ќе стартува Вињалес, на втората позиција Јаноне од Сузуки додека на третата позиција ќе стартува Зарко од Јамаха. Како што кажавме на четвртата позиција стартува Маркез додека најдобрата петорка ја заокружува Роси.

 

Тагови