Маркез најдобар во Чешка
Објавено на 07/08/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Светскиот шампион за 2016-та во MoтоГП Марк Маркез ја остави за себе конкуренцијата на чешката писта “Брно” и забележа победа со предност од над 12 секунди во однос на клубскиот колега во Хонда Дани Педроса, кој финишира втор, и над 18 секунди од младиот талент на Јамаха Маверик Виналес.

Валентино Роси заврши на четвртата позиција, пред Кречлоу и Довициозо.


Во генералниот пласман Маркес ја потврди предноста, но разликата во топ 5 продолжува да не е особено сериозна. Маркес е со предност од 154 поени, следен од Виналес со 140, Довициозо со 133, Роси со 132 и Педроса со 123.

Тагови