Марко Симоновски нов играч на МЗТ Скопје Аеродром
Објавено на 09/09/2014 | Slider, КОШАРКА

Марко Симоновски во новата натпреварувачка сезона ќе го носи дресот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром. Иако на првата прес-конференција во СЦ “Јане Сандански“ Змаго Сагадин и стручниот штаб истакнаа дека е комплетиран списокот за новата сезона, но Видоја Секуловски воедно во еден момент призна дека за никого не се затворени вратите.

25. годишниот Симоновски претходно во својата кариера настапуваше најпрвон за Вардар, Работнички, австрискиот состав на Аркадиа Траискирхен Лајонс и Фени Индустри.

Лани за тимот од “Градски парк“ во Првата македонска лига за 29. одиграни натпревари имаше биланс од 12.0 поени, 3.9 скокови и 1.3 асистенција.

Неодамна настапи за македонската репрезентација во успешните квалификации за пласман на Европското првенство 2015 год. кое ќе се одржи во четири земји Хрватска, Франција, Летонија и Германија.

Во квалификациите Симоновски за шест мечеви просечно имаше 10.0 поени, 3.3 скокови, 1.0 асистенции.

Тагови