Маса останува во Формула 1 и наредната година
Објавено на 07/06/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Фелипе Маса изјави дека е подготвен да го продолжи враќањето во Формула 1 и да не си заминува по крајот на сезоната oд Вилијамс. Бразилскиот пилот дојде да го замени Валтер Ботас и да му помага на дебитантот Ленс Строу, потпишувајќи едногодишен договор со тимот на Сер Френк Вилијамс.

“Да. Ако ми се даде можност да останам во иста насока во која сум во моментов, или во друга, која ми се чини правилна. Инаку , не останувам. Мирен сум, нема тензии и се обидувам да уживам максимално. Минатата година го правев истото, но можеби работите се менуваат за добро и сега се чувствувам и работам многу порелаксирано. Не знам. Сигурен сум дека можам да се справам, чувствувам дека се оди добро. Автомобилот ми се допаѓа, многу поблиска е до мојот стил на возење. Задоволен сум од однесувањето на него, од моето возење и од работата што ја вршиме со тимот. Најважно е да не губиме поени. Во моментов не размислувам ништо, искрено. Едноставно уживам во животот трка по трка и чекам да видам што ќе се случи. Немам поим што ќе се случи во иднина”, изјави бразилецот.

Во првите шест трки од календарот Маса се претстави доста посилно од обична резерва и запиша 20 поени.

Тагови