Мекларен размислува за Индикар
Објавено на 11/08/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Извршниот директор на американските автомобилски серии Индикар Марк Мајлс изјави дека Мекларен подготвува проект за влез во шампионатот. Британскиот конструктор веќе имаше една појава во Индијанаполис, која стана доста позната по ѕвезденото учество на Фернандо Алонсо. Шпанецот веќе неколку пати изјави дека е отворен и кон целосна сезона во сериите на пистата.

Тагови