Металург знае да победува и надвор од Македонија
Објавено на 14/10/2017 | Slider, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Ракометарите на Металург во петтото коло ја остварија втората победа во  ЕХФ Лигата на шампионите, и прва на гостински терен и повторно без Лино Червар. Вице-шампионот славеше со 32:26 (15:15) на гостувањето кај Чеховски Медведи

Халил Јагањац беше одличен со девет гола, а го следеше Жарко Пешевски со шест, по четири имаа Вања Илиќ и Божо Анѓелиќ, а последните минути ги искористи и најмладиот Мартин Серафимов со три погодоци. Одличен на голот на беше и младиот Мартон Томовски, кој запиша десет интервенции.

Со оваа втора победа Металург дојде до пет бода во групата Д, и засега е на трето место.

Тагови