Мијк ја освои Каталонија, Ожие се приближи до титулата
Објавено на 09/10/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Крис Мијк од тимот на Цитроен го освои релито во Шпанија – круг број 11 од вкупно 13-те во календарот на Светскиот рели шампионат. Ова е втора победа на Мијк сезонава по трката во Мексико во април и вкупно петта во кариерата во ВРЦ. Британецот постигна триумф со 28 секунди предност во однос на Себастијан Ожие, кој се приближи до петтата светска титула во шампионатот по повлекувањето на главниот конкурент за светскиот трофеј Тиери Невил од Хјундаи поради оштетена суспензија.

Тимскиот колега на французинот Oд Танак остана пет секунди зад него, возејќи низ целиот асфалтен пат со менувач кој имаше проблем.

Ожие зеде три бонус поени и постигна предност од 37 поени во вкупниот пласман, а неговиот најблизок конкурент е неговиот тимски колега Танак.

Конструкторите на Хјундаи практично ги изгубија шансите за титула, а Цитроен се приближува до третата позиција на Тојота.

Тагови