Мијовиќ го напушти Карпош Соколи и се пресели во Словачка
Објавено на 17/08/2014 | КОШАРКА

Словачкиот кошаркарски клуб на МБК Баник Хандлова го засили својот состав откако го ангажираше 27. годишниот црногорски плејмејкер (188 см., 1987 год.).

Марко Мијовиќ лани ги бранеше боите на македонската екипа Карпош Соколи. Во Првата македонска лига за седум натпревари имаше импресивни бројки (16.0 поени, 6.9 скокови, 6.1 асистенција и 1.7 украдена топка).

Воедно минатата сезона ги бранеше боите и на Лирија и во 14. мечеви имаше 10.5 поени, 4.1 скок, 4.6 асистенции и 1.1 украдена топка. Во својата кариера настапувал уште за Теодо Тиват (во црногорската лига и БИБЛ), српскиот Раднички Обреновац и црногорските Морнар Бар, Могрен и Улцињ. Играше и за Црна Гора на ЕП Дивизија Б во Варшава (Полска).

Тагови