Микел Хансен конечно ја “откри” својата девојка
Објавено на 03/03/2018 | РАКОМЕТ

Иако веќе подолго време Микел Хансен е во љубовна врска со својата девојка Стефани Гунделах, дури сега ја покажа во јавност.

Најдобриот дански ракометар и познатата данска модна-блогерка се долго време заедно, но досега умешно ги одбегнуваа папараците и вешто се криеа од очите на јавноста.

Но, ракометарот на ПСЖ реши конечно да ја покаже својата поубава половина во јавноста, откако тие се појавија заедно на концертот на Кендрик Ламар, кој се одржа во Л’Аркор хотелот во Париз.

Девојката на Микел Хансен е една од најпознатите стилистки во Данска и е една од основачите на блогот Anywho.dk.

Тагови