Милан доведе 11 нови играчи, но тој е најсилното засилување според тренерот Монтела

Милан доведе 11 нови играчи ова лето, но според тренерот Винчензо Монтела, најсилното засилување е Френк Кеси.

Милан доведе веќе 11 засилувања ова лето, и досега потроши цели 253 милиони евра, со кои беа купени Матео Мусакио од Виљареал (18 милиони), Френк Кеси и Андреа Конти од Аталанта (28 односно 24 милиони), Рикардо Родригез од Волфсбург (18 милиони), Андре Силва од Порто (40 милиони), Хакан Чалханоглу од Баер Леверкузен (25 милиони), Антонио Донарума од Џенова (слободен трансфер), Фабио Борини на заем од Сандерленд (5 милиони), Леонардо Бонучи од Јувентус (45 милиони), Лукас Биља од Лацио (20 милиони), и најновото засилување Никола Калиниќ од Фиорентина (30 милиони).

“Најголемото изненадување за мене досега е Френк Кеси, јас не го очекував ова од него, знаев дека е силен, но толку многу … Што е најдобро од сè, тој има простор за подобрување, исто како Андре Силва, кој ќе стане одличен напаѓач”, рече Винчензо Монтела.

Милан покрај нив доби и страшно засилување од младинските погоди во Патрик Кутроне, кој веќе е во стартниот тим и постигна гол на првиот меч против Кротоне.

 

Тагови