Милан со интерес за Јанкто
Објавено на 07/01/2018 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Екипата на Милан е цврсто заинтересирана за ангажман на фудбалерот на Удинезе, Јакуб Јанкто, пренесуваат италијанските медиуми. Росоњерите испратиле писмо со интерес за чешкиот играч за врска, a според Кориере дело Спорт, Милан планира шест месечена позајмица со право на откуп следното лето.

Јанкто во Удинезе дојде на 17 годишна возраст од младинската екипа на Славија Прага. Сезоната 2015-16 настапуваше како позајмен фудбалер во Асколи каде на 34 натпревари забележа 5 погодоци, а за екипата од Удине има забележано 44 натпревари и 8 голови. Минатата година за Чешка настапи на сите 10 натпревари постигнувајќи еден гол.

Покрај интересот за фудбалерот на Удинезе, Милан се поврзува и со Тео Волкот, опција која е повеќе посакувана за Милан, но и потешко остварлива.

Тагови