Милан со супер понуда до Торино, по Игуаин ова ќе биде вториот најскап трансфер
Објавено на 15/06/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Трансфер пазарот официјално сеуште не започнал, но од почетокот на јуни до денес Милан на засилувања потроши нешто повеќе од 80 милиони евра. Мусачо, Родригез, Кеси и Силва беа фудбалерите кои во досегашниот дел од летото го ставија потписот на договор со Милан.

Сепак, Росоњерите тука не застануваат. Белоти од Торино е главната цел ова лето. Откако вчера во Торино имаа средба директорите на двата тима, денеска медиумите во Италија излегоа со понудата. Станува збор за понуда од 80 милиони евра која доколку ја прифати Торино тогаш тоа ќе биде вториот најскап трансфер во историјата на Серија А по оној на Игуаин кој од Наполи минатото лето премина во Торино.

Италијанските медиуми прецизираат дека двата тима наводно се договориле Милан ова лето да плати 20 милиони евра и да го добие фудбалерот, но следното лето е обврзан да плати 60 милиони евра со што би се достигнала сумата од 80 милиони евра. Сега останува Белоти да ги договори личните услови, а тоа најверојатно ќе биде лесна работа и со оглед на тоа што Белоти е фан на клубот од Милано.

Покрај од Милан интерес за Белоти имаше и од неколку клубови од Премиер Лигата.

Тагови