Милан со ултиматум до Монтела

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела, доби ултиматум од раководството на клубот за да ги освои следните две дерби натпревари за да ја задржи својата позиција. Шефовите на “росонерите” се многу разочарани од поразите од Лацио (1:4) и Сампдорија (0:2). Сепак, Монтела ќе добие шанса да се докаже, но мора по секоја цена да земе 6 поени од дуелите со Рома на 1 октомври и Интер на 15 октомври, двата натпревари за Милан се дома, ако се земе предвид дека со Интер го делат истиот стадион.

Милан е на 6-то место во Серија “А” со 12 поени, но традициите на клубот и големата селекција ги обврзуваат “росонерите” да завршат во Топ 4.

Тагови