Милевски ја одбра новата генерација млади фудбалери за новиот квалификациски циклус за ЕП
Објавено на 23/08/2017 | Slider, Мак Фудбал, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски го објави спосокот на новата генерација фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против Ерменија  на 5-ти септември на гостински терен во Ереван.

Милевски ги нема веќе хероите од Полска кои го направија најголемиот успех во македонски фудбал, обезбедувајќи пласман на ЕП во група со Франција, Исланд, Украина, Шкотска и Северна Ирска.

Во Полска фудбалерите кои повеќето од нив веќе се дел од а-селекцијата собраа еден бод против Србија (2:2), а загубија од Шпанија со 0:5, и Португалија со 2:4.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година е во групата 7 во квалификациите за Европското првенство 2019 со селекциите на Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар.

FOTO: ffm.mk

Тагови