Мохамед Салах во јануари ќе го напушти Челзи!
Објавено на 15/11/2014 | ФУДБАЛ

Како што пренесуваат британските медиуми, Челзи е подготвен да се ослободи од своето крило, Мохамед Салах во текот на зимскиот преоден рок.

Египетскиот интернационалец не се наоѓа во плановите на Жозе Мурињо и најверојатно португалскиот стратег ќе го испрати на позајмица.

Според информациите интерес за неговите услуги покажува Интер кој воедно има намера да ги ангажира уште Фабио Борини и Џоел Кембел.

22. годишниот Салах дојде на “Стемфорд Бриџ“ оваа година во јануари од редовите на Базел, оттогаш има 12. настапи во Премиерлигата.

Тагови