Момент за историја на сите спортски екипи на Барселона

Момент за историјата на “Спортскиот клуб” Барселона која е прва во сите спортови.

Поточно, сите делови на клубот моментално водат во своите лиги, што никогаш не се случило во историјата.

Машкиот фудбалски е лидер во Примера, а женскиот фудбалски клуб е прв на табелата во Шпанија и стигна до осмина финале во Лигата на шампионите.

Во мал фудбал тимот на Барселона е на добар пат да ја врати титулата по чекање од четири години.

Во кошаркарската АЦБ лига која штотуку започна, четири од четири за Барселона.

Во ракомет, Барселона доминираа веќе со години, и јасно тие ги добија сите шест натпревари на почетокот, и нема никакви дилеми дека ќе ги добијат и сите преостанати дуели од лигата, бидејќи веќе незнаат за нерешена или пораз во три сезони.

Прв на табелата е и хокеарскиот клуб на Барселона, кој исто така е популарен во Шпанија, како и одбојкарскиот клуб на Барселона.

Тагови