Монако до лесни три бода против Дижон (ВИДЕО)
Објавено на 16/02/2018 | ФУДБАЛ

Монако полека но сигурно се враќа на победничките патеки, запишувајќи ја третата победа по ред во најсилната француска лига забележувајќи лесна победа од 4-0 против Дижон.

Монако дојде во водство со голот на Кеита во 13тата минута од натпреварот. Иако имаше бројни шанси на полувреме тимот од кнежевството замина со само еден гол предност.

Во второто полувреме тимот на Монако ја подобри ефикасноста и со головите на Фабињо од пенал во 69тата минута, Рони Лопез во 88та и Камил Глик во 93тата забележа сигурна победа и лесни три бода.

Со новите три бода Монако има 56 бода и се наоѓа на втората позиција во францускиот шампионат.

Тагови