Монако ги одби Реал Мадрид, Ливерпул и Арсенал за Мбапе

Францускиот шампион Монако ги одбил предлозите на Реал Мадрид и Ливерпул за младата ѕвезда Килијан Мбапе.

Според информации на медиумите во Франција и Шпанија “кралевите” подготвиле соборување на рекордите, откако понудиле 120 милиони евра – со 15 милиони повеќе отколку Манчестер Јунајтед што плати за Пол Погба во текот на летото на Јувентус. Токму овој трансфер го држи светскиот рекорд на сегашниот момент. Во Монако, сепак не сакаат да се разделат со Мбапе и се доследни во оваа намера.

Пред неколку дена беше одбиена и понуда на Ливерпул за младиот напаѓач од 75 милиони, кој во оваа сезона постигна 15 гола и направи 11 асистенции.

Одбиен е и Арсенал и неговите 100 милиони евра.

Тагови