Може ли Македонија да и го нанесе првиот пораз на Словачка?
Објавено на 15/11/2014 | Slider, ФУДБАЛ

На програмата се натпреварите од четвртото коло во квалификациите од групата Ц за пласман на Европското првенство 2016 год. во Франција, вечерва од 20:45 ч. македонската фудбалска сениорска репрезентација на Националната Арена “Филип Втори“ во Скопје со почеток од 20:45 ч. против Словачка.

Досега избраниците на селекторот Бошко Ѓуровски од три мечеви славеше на еден, можеше многу лесно да освои и бод повеќе, но противниците тоа не им го дозволија.

На првата средба со Шпанците беше евидентно тешко за нашите фудбалери иако во одредени периоди во Валенсија бевме рамноправни со силната црвена “фурија“ во поразот од 5:1. Впечатокот требаше да се подобри против Луксембург пред домашната публика, иако тешко дојдовме до триумфот и тоа со прекрасен гол на Абдурахими во последните минути (3:2), и мечот во Лвов со Украина каде што имавме неколку стопроцентни шанси за погодок кои можеа и евентуално да го решат мечот. Пад на концентранцијата во одбраната во финишот од првото полувреме и Украинците ни го нанесоа вториот пораз.

bet

После физичкиот конфликт помеѓу Адис Јаховиќ и Даниел Георгиевски (кои се многу важни во делот на одбраната и нападот) и беа отстранети веднаш од репрезентацијата, поголема шанса за настап добиваат Езгјан Алиоски и Јован Костовски.

“Ни следува пресметка со репрезентација која освои максимален број на бодови по првите три натпревари и состав кој има извонреден напаѓачки ред. Можеби Словачка не одигра атрактивно на квалификациските натпревари, но беа многу ефикасни. Хамшик, Вајс и Мак се играчи кои прават разлика, се издвојуваат по квалитетот. Но, нашите играчи се свесни за предизвикот и за квалитетот на словачката репрезентација. Ние треба да одиграме храбро, да бидеме паметни, професионални во залагањето и да се надеваме дека тој пристап ќе ни донесе позитивни работи и добар резултат. Некои од играчите кои беа на списокот за првите натпревари отпаднаа за овој дуел од причина што сметам дека во моментот е подобро да бидат со своите клубови, а дел од нив ќе бидат во младата репрезентација. Имаме доволно време да ја направиме потребната анализа и да се подготвиме најдобро за важниот натпревар против Словачка“, вели селекторот Бошко Ѓуровски.

Досегашни резултати помеѓу репрезентациите на Македонија и Словачка:

2000/03/09 Словачка – Македонија 2:0
2001/10/07 Македонија – Словачка 0:5
2003/03/29 Македонија – Словачка 0:2
2003/10/09 Словачка – Македонија 1:1
2010/03/09 Словачка – Македонија 1:0
2011/10/11 Македонија – Словачка 1:1

Квалификации за ЕП 2016

Група Ц

18:00 ч. Луксембург-Украина
20:45 ч. Македонија-Словачка
20:45 ч. Шпанија-Белорусија

Табела: Словачка 9 бодови, Шпанија 6, Украина 6, Македонија 3, Белорусија 1, Луксембург 1.

Тагови