МЗТ доведе двајца американци
Објавено на 19/08/2017 | КОШАРКА, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Американските кошаркари Даниел Јенсен и Брет Бејли се нови кошаркари на македонскиот шампион МЗТ Скопје.

20-годишниот Јенсен е висок 206 см и игра на позиција крило. Тој има европско искуства, бидејќи минатата сезона играше за белгискиот прволигаш Лимбург Јунајтед. Пред да стигне во Белгија Јенсен играше за Огастана колеџот во НЦАА лигата, каде што запиша во просек 20,1 поени и 6,3 скока по натпревар.

Другиот американец Бејли има 23 години, и е висок 200 см, и игра како ниско крило, а ова ќе му биде прво кошаркарско искуство надвор од САД. Тој има четири години во лигата на НЦАА за Универзитетот во Сан Диего, каде што минатата сезона имаше просек од 15,6 поени и 6,9 скока во просек по натпревар.

Во Аеродром претходно во летниот трансфер педиод дојдоа Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ, како и Бојан Трајковски, Михајло Митев, Ранко Мамузиќ и Андреј Маслинко.

Тагови