МЗТ немаше шанси против Евролигашот од Белград
Објавено на 17/12/2016 | Slider, КОШАРКА, МАКЕДОНСКИ СПОРТ

Eвролигашот Црвена Звезда стигна до 14-та победа во Аба лигата, откако го победи нашиот МЗТ Скопје со 73:93 (16:21, 19:22, 15:30 и 23:20 ). МЗТ е 11-ти со 18 бода.

Во салата Борис Трајковски, беше веднаш јасно дека Црвена Ѕвезда држи се во нивните раце. Одличниот Бјелица, подмогнат од Јовиќ и Митровиќ доведоа двоцифрено водство пред крајот на вториот квартал, а дојдоа и до +25 на крајот на третиот квартал, со што заврши рутиснки и во четвртиот.

Најефекасен во нашиот тим беше Скот со 21 поен, а Лалиќ заврши со 15 поени. Од другата страна кај победникот беше Дангубиќ со 16 поени, по 12 имаа Волтерс и Бјелица, додека Јовиќ имаше 11 поени и 10 асистенции.

Тагови