МЗТ Скопје лесно до победа против Фени Индустри
Објавено на 16/02/2018 | КОШАРКА

Шампионот МЗТ Скопје очекувано стигна до лесна победа во Купот на Македонија над домашната екипа на Фени индустри со резултат од 115-68.

Металците без многу мака рутинирано стигнаа до полуфиналето каде што ќе ги одмерат силите со Блокотехна. Иако по првите 10 минути изгледаше дека ќе биде неизвесен дуел, сепак МЗТ Скопје во продолжението од натпреварот ја подобри својата игра  и не дозволи изненадување.

Новиот плејмејкер на металците, Џордон Крафорд покажува дека ќе биде огромно засилување на МЗТ Скопје, завршувајќи го натпреварот како најефикасен кошаркар со 20 поени. Тројца кошаркари на МЗТ Скопје постигнаа по 13 поени (Трајковски, Лалиќ и Стојановски).

Во тимот на Фени индустри најрасположени за игра беа Дени Лоухорн со 23 поени и Јане Петровски со 17 поени.

Тагови